Поради силниот ветер два авиона место во Скопје слетаа во Охрид и во Приштина


Илустрација


Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони не слетаа на скопскиот аеродром, туку беа пренасочени. Па така, едниот слета во Охрид, а вториот во Приштина.


Авионот кој летал на релацијата Истанбул – Скопје бил пренасочен на аеродромот во Приштина, а уште едно летало на Визер кое доаѓало од Малта, наместо во Скопје слетало во Охрид.