Поради обезбедена ликвидност, во јули само една аукција на ДХВ

Министерството за финансии информира дека во насока на водење прудентна политика на јавен долг и поради обезбедена тековна ликвидност, аукцијата на државни хартии од вредност што според Календарот на аукции беше предвидена за денеска нема да се реализира.
 
-Согласно тоа, наведуваат во соопштението, од двете редовни аукции на државни харттии од вредност, во месец јули ќе се одржи само една аукција. 
Како што додаваат во  јули се вратени 620 милиони денари, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.