Поради два дефекти околу 14 часа немаше струја вчера на две подрачја во Тетово


Фото: Б. Грданоски

 Речиси 9000 објекти во два дела од Тетово вчера немаа над 14 часа напојување со електрична енергија.

Пред 9 часот настана дефект на 110кВ трафостаница “Тетово 1” поради што без снабдување со електрична енергија остана голем дел од централното градското подрачје со 5000 корисници до 14 часот. 

Потоа околу 16 часот дефект на 20кВ кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” остави 3.800 корисници без снабдувањето со електрична енергија до полноќ. Без струја беа станбените згради на потегот од пазарот па се до касарната во Тетво. 

Од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа не соопштија детали што се работело во текот на овој период.

-Ние како Општина добивме информација дека една трафостаница која го снабдува пола од градот изгорела и требало да се интервенира, информираше градоначалникот Биљал Касами од настан во Тетово.

Дефект на трафостаница во септември 2024 година остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија.