Поради дефект без вода корисниците од улица „Славејко Арсов“ во Центар


Фото: Б. Грданоски

Поради дефект во шахта на улица „Славејко Арсов“ број 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.