Помпео соработува со Блинкен за транзиција на власта

САД– Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео се состана со кандидатот на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден за таа функција, Ентони Блинкен, со цел „да се олесни уредната транзиција и да се осигури дека американските интереси се заштитени во странство“, изјави висок претставник на Стејт департментот.
„Нивната средба беше многу продуктивна“, рече официјалното лице.
Тој додаде дека Помпео, Блинкен и нивните тимови „ќе продолжат да работат заедно во име на САД во текот на целиот преоден рок“.