Помал број заболени од Ковид-19 во Хрватска, починаа 59

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.886 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи изнесува 22.124.
Меѓу нив 2.629 пациенти се на болничко лекување, а од нив 277 пациенти на респиратор.
Починаа 59 пациенти.
Од почетокот на пандемијата досега во Хратска од Ковид-19 заболеа 152.239 лица, починаа 2.233, а оздравеа 127.882 лица.
До денеска тестирани се 816.241 лица, а 5.356 во последните 24 часа.