Полска веќе прими милион бегалци


 

Според податоците на граничарите, повеќе од милион бегалци пристигнале во Полска од почетокот на војната во Украина. Само во неделата, повеќе од 142.000 луѓе ја минале границата, објавија властите на Твитер. Ова беше највисоката вредност за еден ден од почетокот на војната. Според податоците на полското Министерство за надворешни работи, најголем дел од бегалците се украински државјани. Но, има и луѓе од Узбекистан, Белорусија, Индија, Нигерија, Алжир, Мароко, САД и неколку други земји.