Полска ќе ѝ даде борбени авиони „миг-29“ на Украина


 

Полска ќе ѝ даде на Украина борбени авиони „миг-29“, што е голем чекор кон зајакнување на капацитетите на воздухопловните сили на Украина во борбата против руската инвазија, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.

„Властите на Република Полска, по консултации меѓу претседателот и владата, се подготвени веднаш и бесплатно да ги распоредат сите свои авиони ‘миг-29’ во воздухопловната база Рамштајн и да ги стават на располагање на Владата на Соединетите Американски Држави“, соопшти Министерството.

„Во исто време, Полска бара од Соединетите Држави да ни обезбедат користени авиони со соодветни оперативни способности. Полска е подготвена веднаш да ги утврди условите за купување на авионите.

Полската влада, исто така, бара од другите сојузници на НАТО – сопственици на авиони ‘миг-29’ – да дејствуваат на истиот начин“.