Политико: Пентагон планира да испрати два авиона со мигранти во Гвантанамо овој викенд


Пентагон планира да испрати два авиона со мигранти во заливот Гвантанамо овој викенд, што ќе биде прв чекор во плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја искористи базата за притвор за да се спротивстави на илегалната имиграција, пишува Политико, повикувајќи се на извори во Миистерствбото за одбрана.

Официјалните лица рекоа дека се уште се разработуваат конечните детали.

Авион со мигранти веќе замина за Перу, додека американската војска се обидува да ги спроведе наредбите на Трамп за депортирање илјадници илегални мигранти. 

Војската досега oрганизирала осум летови – вклучувајќи четири за Гватемала, три за Хондурас и еден за Еквадор – сите со воени авиони. Но, ова е првпат мигранти да се упатат кон базата во Куба, што претставува уникатен сет на правни и логистички предизвици.

Трамп во средата издаде извршна наредба со која му наложува на Пентагон и Министерството за внатрешна безбедност да ја користат базата за мигранти. Официјални лица од одбраната оттогаш се обидуваат да смислат план за сместување до 30.000 луѓе, многу повеќе од 780-те затвореници кои останаа таму за време на екот на војната против тероризмот.