Полициска акција за сервисирањето на службените возила


Полициска акција се спроведува во моментов во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.  

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од МВР.

Од ОЈО кусо соопштија дека заедно со Финансиската полиција преземаат дејствија за обезбедување докази во предмет за неколку кривични дела – примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

„Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба од судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, соопштиваат од ОЈО.

Според се уште неофицијалните информации, како што објавија дел од медиумите, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила. 

Имено, повеќето медиуми јавуваат дека се врши претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР Служба за заеднички и општи работи на Владата, Пеце Мирчески, како и дека тој е упасен. Финансиската полиција врши претреси во неговиот дом во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби. 

Повеќе детали за акцијата се очекувата во текот на денот.