Полиција и метални огради пред изборната комисија во Србија
Како што јави известувачот на Танјуг, пред зградата на Републичката изборна комисијаво Србија по изборите биле поставени метални огради и распоредени полицајци.
Изборниот ден во Србија го одбележаа долги редици за гласање, повеќе помали нерегуларности, но и физички пресметки. Редиците беа главно во Белград, но и во Рашка, Тутин, Куршумлија и Бујановац каде што гласаа Србите од Косово. За многу гласачи ова беше невообичаено долг изборен ден. Во Белград на повеќето избирачки места се чекаше во просек по еден саат за да се гласа.
Редови, според фотографиите на социјалните мрежи, имаше идолго по затворањето на гласачките места.

За жал, овој изборен ден не можеше да помине без сериозни инциденти, односно физички напади и пресметка. Нападот врз лидерот на Движењето на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, предизвика најголемо внимание во Нова Галеница, во близина на просториите на локалниот одбор на СНС и месната заедница. Во тепачката што ја снимила неговата свршеница Нина Стојаковиќ, Грбовиќ со шолја кафе гаѓал симпатизер на СНС, а тој го соборил на земја и му нанел гребаници по главата. Реагираше и полицијата.
Искричења имало и на гласачко место во Основниот суд во Чачак, каде пратеникот на СНС Братислав Југовиќ пријавил дека бил нападнат при гласањето околу осум и пол утринава.
Како што рекол Југовиќ, напаѓачот прво го навредувал дека е „бот на Вучиќ“, а потоа го удрил во јаболчната коска. Полицијата во попладневните часови го идентификувала напаѓачот.
Вп Нови Пазар имало исто така тепачка каде добија шлаканици, ни помалку, ни повеќе, туку членови на изборната комисија! Конфликтот настанал меѓу членовите на комисијата од редовите на двете партии, поради расправија за светлечките билборди на бандерите кои не беа отстранети за време на изборниот молк. На носителот на листата „Ајде луѓе“ на изборите во Белград, Душко Вујошевиќ по гласањето му се слоши. Вујошевиќ за време на гласањето носел маска, а како што изјави лидерот на СДС Борис Тадиќ, поранешниот тренер на Партизан веднаш по излегувањето од избирачкото место отишол на тестирање и било утврдено дека има корона вирус.Српак, најчести нерегуларности што беа забележани се процедурални , како вметнување гласачки ливчиња во погрешни кутии, непочитување чекори при спроведување на изборите (без спреј, проверка на идентитетот на гласачите итн.) и грешки при потпишување изводи од избирачки списоци. Покрај горенаведеното, набљудувачите забележале активности кои ја загрозуваат тајноста на гласањето на избирачките места ( фотографирање гласачки ливчиња или снимање на гласачкиот процес), семејно гласање и помали инциденти и вербални конфликти. Вучиќ околу 19.30 часот пристигна во седиштето на СНС каде ќе ги чека првичните резултати од парламентарните, претседателските и локалните избори. На новинарско прашање дали овој пат е „напнато“, Вучиќ кратко одговори: „Не, а вие се надевате на тоа?“ Претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ на прес-конференцијата околу 19 часот рече дека излезноста на иборите, и покрај редиците, ќе биде меѓу 58 и 60 проценти. Тој рече дека денеска не се забележани поголеми нерегуларности на избирачките места.
