Пола естрада на промоцијата на „Знам“ на Калиопи и Жељко Самарџиќ (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Поп-ѕвездата, препознатлива по бројните хитови и уникатниот глас, Калиопи Букле, долги години ја немаше на концерт во Македонија, па се случи велешкиот минатата година, па овој месец беше пречекана како кралица на предевровизискиот настан во Мадрид, како поранешна учесничка на Евросонг со „Црно и бело“ (2012) и со „Дона“ (2016).  Општ впечаток на многумина е дека и кога не е присутна, таа е присутна – како постојано да настапува на концерти кај нас. Долги години немаше нова песна, па се случи „Знам“, дуетот со Жељко Самарџиќ, балада која на прва го освои регионот, за кој е снимен и спот во Кочани.  Промоцијата прво се случи во Белград, и денес, пред македонската јавност, во присуство на авторот на песната Ромео Грил, екссопруг на Калиопи.

Фото: Б. Грданоски

Уше во Белград, Калиопи изјави дека „штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“ и додала:

Фото: Б. Грданоски

„…Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“.

Со Иван Бечковиќ од „Кроација Рекордс Македонија“/ Фото: Б. Грданоски

Новиот простор „Аудиокултура“ во Скопје, актуелен меѓу пејачите, денес, беше претесен да ги прими бројните гости од сите сфери на живеење кај нас, кои со присуството им оддадоа почит на регионалните ѕвезди Калиопи, Жељко и Ромео, видно расположени за муабет и досетки .

Цветанка Ласкова и Џаро/ Фото: Б. Грданоски

Како што потенцираа, „Знам“ е круна на нивното четиридецениско пријателство, и како што истакна поп-дивата во интервјуто за „Слободен печат“,  таа во текот на кариерата, ретко снимала дуети, „веројатно затоа што дуетот го доживувам како интимен чин, па затоа и не можам да го делам со кој било. Исто како и во љубовта – не се дели перницата со секој!“.

Фото: Б. Грданоски

„Морам да ѝ се заблагодарам на Калиопи што ме спои со маестро Ромео, и до толку го засакав, што можам да му ја оставам сопругата“, изјави на шега, на пресот, Самарџиќ.

Принц и Ранко „Бубамара“/ Фото: Б. Грданоски

„Среќа е што Жељко, кога ја снимавме песната во Скопје дојде со сопругата Маја. Ромео, е инаку, строг кога станува збор за работа во студио, но Маја некако успеа да го скроти и да му дозволи да ги прифати нашите енергии“, возврати Калиопи на денешниот прес.

Спотот на „Знам“ е снимен во Кочани/ Фото: Б. Грданоски

Жељко Самарџиќ потврди дека „Знам“ е биографска песна и додаде дека е привилигериран што успеал да сними песна со уметник како Калиопи.

Фото: Б. Грданоски

Набргу Калиопи ќе ја објави и втората нова песна, потпишана од Ромео Грил,  а во план се и нов албум и песна на македонски јазик со која би се најавила турнејата низ Македонија.  (Л.С.)