Погледнете ја изложбата што Шанел му ја подари на Париз (фото)

Во француската престолнина беше отворена изложба посветена на култните мириси на една од најстарите, најголемите и најпочитуваните куќи за парфеми во светот


Франција– Познатиот француски бренд Шанел му подари на Париз за Божик- изложба. „Le Grand Numéro de Chanel“ отворен во Grand Palais Éphémère е посветен на сите мирисни креации создадени под негово покровителство од 1921 година до денес, а на отворањето присуствуваше и британската актерка Кира Најтли, која е заштитно лице на парфемот Coco Mademoiselle.

Кураторот на изложбата, Томас ду Пре де Сен Мор, ја опиша изложбата како „олфакторен калеидоскоп“ бидејќи музејскиот простор наизменично се менува меѓу уметнички инсталации, мириси, архивски експонати заедно со часови по историја и музика, а првите посетители ја опишаа како комбинација на кабаре шоу и музеј.


„Инспирација најдов во моите спомени од детството. Во Лондон, пред Божиќ, беше задолжително да се оди за да се видат витрините украсени од бајките на стоковните куќи Harrods и Harvey Nichols, а во Париз, Galeries Lafayette. Со изложбата сакав да го рекреирам чувството што го имаш како дете пред божиќниот прозорец – волшебност и воодушевување“, изјави Де Сен Мор.

Според тоа, секоја соба наликува на раскошен тематски излог: во оној посветен на најстариот парфем на Шанел, бр. 5, има досега невидени дела од Енди Ворхол (кој ја вклучи „петката“ меѓу неговите икони од 20 век) и интерактивна ситуација кога посетителот ја презема улогата на парфимерот Ернест Бакс кој го создал тој мирис во 1921 година, додека во просторијата посветена на „ексклузивците“ на посетителите им се нуди мирисна верзија на тестот Роршах (психолошки тест кој се користи за испитување на личноста и емоционалната состојба) – затоа што секој од 19-те парфеми од колекцијата Les Exclusifs de Chanel предизвикува некои емоции.

Изложбата е отворена до 9 јануари, а добрата вест е што влезот е бесплатен со претходна резервација.