Подољак: Сите злосторства во Украина носат потпис „Направено од Русија“
Откако украинскиот шеф на дипломатијата Дмитро Кулеба вчера во Толедо им порача „да замолчат“ на тие што критикуваат дека украинската контраофанзива била бавна и треба да почне преговори со Русија, денес се јави со реакција и Михаило Подољак, советник на претседателот Володомир Зеленски. Тој ги повика истите критичари само да погледаат што се случува во Украина и да сфатат зошто сакаат соодветен крај на војната.
-Повеќе од 100 илјади наши киднапирани деца. Повеќе од 93 илјади пријави за сексуално насилство врз нашиот народ. Повеќе од 4.000 места каде што се вршеше масовно мачење на окупираните територии. Над 102.000 воени злосторства кои се веќе легално документирани. Повеќе од 122.000 уништени цивилни инфраструктурни објекти низ Украина. Повеќе од 6.600 проектили со различни модификации и повеќе од 3.700 беспилотни летала се истрелани врз Украина и нашето цивилно население со цел намерно масовно убиство. ..Силувач, убиец, крадец мора да биде затворен. Зарем не е така? На ова се градат правдата и модерните општества. Значи, секој од овие убијци носи специфична стигма – „направено во Русија“. Секој од нив има натпис: намерно и свесно дојдовме да убиеме.Значи, само треба да помогнете да се казни злото. Без двоумење. Без обид да се спаси лицето на „рускиот убиец“ преку преговори и компромиси. Путин и неговата војска немаат лице – имаат само постојан мирис на смрт…, напиша Подољак.