Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епиценатрот на земјотрес бил во Грција, на околу 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.