Почнува Вимблдон: Синер прв фаворит, пред Ѓоковиќ и Алкараз


Почетокот на месец јули го носи и стартот на еден од најпознатите светски турнири, Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ за разлика од минатите години сега не го започнува турнирот како главен фаворит. Букмејкерите го рангираат српскиот ас на третото место, а причина за тоа е неговата променлива форма.

Се уште Ѓоковиќ нема трофеј во 2024 година, додека дополнително на лошата форма тука е повредата поради која неодамна правеше операција на менискусот. Фаворити пред Ѓоковиќ се Јаник Синер, тенисерот кој е во најдобра форма во 2024 година и минатогодишниот освојувач Карлос Алкараз.

 

Во конкуренција кај дамите блага предност и се дава на Арина Сабелнка кој е во одлична форма, но тука се уште Ига Швојнтек, Елена Рибакина и Коко Гоф.

Вимблдон ќе се игра 14 дена и големото финале е закажано за на 14. јули.

Србинот за прв ривал од носителите би требало да го има Томас Ечевери од Аргентина, а во осминафиналетоби го чекај Холгер Руне. Во евентуалното 1/4 финале би се сретнал со Хуркач, а ако се биде како што  треба, ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе треба да му биде Зверев.

Седумкратниот освојувач на „Вимблдон“ имаше одлична жрепка, бидејќи во вториот дел од костурот заедно со Алкараз се Јаник Синер и Данил Медведев, па пред финалето не може да игра ни против Италијанецот или Русинот.

Ривал на Србинот во првото коло ќе биде Чех Коприва, 111 тенисер на АТП листата. Доколку Србинот помине, во второто коло би го чекал подобриот од дуелот меѓу Џејкоб Фирнли (Велика Британија) и Алехандро Моро Канас (Шпанија). Томаш Мартин Ечевери од Аргентина е најреалниот потенцијален ривал на Ѓоковиќ во третото коло.

Потенцијален ривал на Ѓоковиќ во осминафиналето е Данецот Холгер Руне, Хуберт Хуркач во четвртфиналето, а Александар Зверев или Андреј Рубљов во полуфиналето.

Бранителот на титулата Алкараз во првото коло ќе игра против Естонецот Марко Лијал, додека во евентуалното второ коло ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Александар Вукиќ и Себастијан Офнер.

Италијанецот Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот, во првото коло ќе игра против Јаник Ханфман од Германија. Веќе во вториот круг, Синер би можел да оди против сонародникот Матео Беретини.