Почнува реконструкцијата на „Љубљанска“


Изградба на булеварот „Љубљанска“ почнува денеска. Согласно проектот, се работи за ново булеварско решение на улица „Љубљанска“, со поврзување на новиот мост над реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

– Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот – соопштија од Градот.

На овој потег, истовремено, покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување.