Почнува новата сезона „Почни со Водно“


Новата, трета сезона на „Почни со Водно“ се отвора денеска, настан замислен како еден поинаков вид на дружење после работа.
Во организација на планинарското друштво „Ај лав хајкинг“, главната цел на овие „прошетки“ е да ја подигнуваат свеста за здравиот начин на живот и учесниците да ги засакаат природата и планинарењето. Рецептот е едноставен: само треба да се искачи Водно по целата негова должина.
Предвидено е „Почни со Водно“ да има 18 епизоди, кои, како и досега, ќе се организираат секој четврток во наредните три месеци. Првиот старт е денеска, исто така традиционално, во 18 часот пред основното училиште „Кочо Рацин“. Кон настанот можат да се придружат и велосипедисти, за на крајот сите учесници да се обединат на врвот, каде што ги очекува забава со диџеј.