Почнува испитувањето од комбинација на „спутник V“ и вакцината „АстраЗенека“


 

Привремените резултати од испитувањето на вакцините против Ковид-19, во кое се очекува да се комбинираат рускиот „спутник V“ и британската вакцина „АстраЗенека“, се очекуваат за два месеца, изјави денеска рускиот дирктор на Инвезтицискиот фонд Кирил Дмитриев.

Тој наведе дека испитувањата на комбинацијата на вакцините ќе почне следната недела во Обединетите Арапски Емирати, пренесе Ројтерс.

„Испитувањата (комбинација од две вакцини) веќе почнаа во Азербејџан, а во ОАЕ ќе почнат, се надеваме следната недела“, рече Дмитриев.