Почнува елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал
Со натпреварите од шеснаесетфиналето започнува елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал. Следуваат 16 натпревари во кои нема простор за поправен, а неколку пресметки уште сега привлекуваат големо внимание.
Најголемото дерби на хартија е дуелот меѓу Португалија и Хрватска, додека распоредот донесе уште две европски пресметки, Франција против Шведска и Шпанија против Австрија.
Се очекуваат неизвесни натпревари и во дуелите меѓу Бразил и Јапонија, Холандија и Мароко, САД и Босна и Херцеговина, како и Брегот на Слоновата Коска против Норвешка.
Пауза нема и првиот натпревар се игра уште денеска во 21:00 часот, а во него се среќаваат Канада и Јужна Африка.Ова е распоредот на натпреварите од шеснаесетфиналето:
Понеделник, 29 јуни
Бразил – Јапонија (19:00)
Германија – Парагвај (22:30)
Вторник, 30 јуни
Холандија – Мароко (03:00)
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка (19:00)
Франција – Шведска (23:00)
Среда, 1 јули
Мексико – Еквадор (03:00)
Англија – Конго (18:00)
Белгија – Сенегал (22:00)
Четврток, 2 јули
САД – Босна и Херцеговина (02:00)
Шпанија – Австрија (21:00)
Петок, 3 јули
Португалија – Хрватска (01:00)
Швајцарија – Алжир (05:00)
Австралија – Египет (20:00)
Сабота, 4 јули
Аргентина – Зелено’ртски Острови (00:00)
Колумбија – Гана (03:30)