Почнаа да пристигнуваат резултати од изборите во Турција, две агенции објавија сосема различни податоци
Двајцата претседателски кандидати во вториот круг од изборите во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу, гласаа во неделата – Киличдароглу во училиште во главниот град Анкара и Ердоган во Истанбул.
Избирачките места беа затворени во 17:00 часот по турско или 16:00 часот по македонско време. Анкетите пред вториот круг предвидуваат дека Ердоган ќе освои 52 до 55 отсто од гласовите.
Почнаа да пристигнуваат и првите резсултати, според агенцијата Анадолија, Ердоган води убедливо, додека според ппозицијата, разликата е многу мала.
Провладината агенција Анадолија објави дека Ердоган води со дури 57,1 отсто од гласовите, а Киличдароглу има 42,9 отсто.
Опозициската АНКА вели дека Ердоган е со 50,9 отсто од гласовите, а Киличдароглу со 49,1 отсто.
Преброени се 42 отсто од гласачките кутии, пренесоа агенциите.
Ердоган: Ќе победам
Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе „излезе победник“ во вториот круг. Во изјавата на Твитер, турскиот лидер рече дека, без оглед на резултатот, победник во првиот круг пред две недели е „турската демократија и турската нација“, а гласањето се одвивало во „свечена атмосфера што доликува на нашата демократија“.
„Турција покажа дека е една од земјите со најнапредна демократска култура во светот“, рече тој. Ердоган рече и дека неговата партија ќе ја исполни својата одговорност кон Турција.
„Ќе излеземе победници од изборите на 28 мај со зголемување на стапката на гласови што ја добивме на 14 мај и се надеваме дека ќе постигнеме историски успех“, додаде тој.
14 Mayıs seçimlerinin uhulet ve suhulet ile büyük bir demokrasi şöleni şeklinde gerçekleşmesi, Türkiye’mizin sahip olduğu demokratik olgunluğun ifadesidir.…
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) May 14, 2023