Почна уписот на првачињата
Општина Кисела Вода информира дека од денеска до 31 мај согласно Законот за основно образование во осумте општински основни училишта ќе се врши запишување на деца во прво одделение.
Уписот за учебната 2019/2020 година е за деца родени во 2013 година. Децата кои до 31.01.2020 година ќе наполнат шест години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Родителите/старателите за информации за потребната документација за упис на првачиња потребно е да се обратат во основните училишта.
Општина Кисела Вода ги поканува родителите/старателите своите деца да ги запишат во основните училишта кои се во нејзина надлежност. Училиштата со видно подобрени услови за учениците во учебната 2019/2020 година очекуваат околу 700 првачиња, велат од Општината.