Почна детскиот Евросонг
Во Ница, Франција почна овогодинешниот детски Еврсонг.
Македонија годинава ја претставува Тамара Грујеска со песната „Кажи ми, кажи ми кој“.
Младата пејачка е од Гостивар, наскоро ќе наполни 13 години, а љубовта кон музиката ја покажала на пет години.
Авторскиот тим на песната е сличен како оној на Тамара Тодевска на Евровизија во 2019 во Израел. Роберт Билбилов и Дарко Димитров се композитори на песната, а текстот е на Коста Петров и Билбилов. Гоце Димовски свири кавал, а Билбилов виолина. Режисер на спотот е Огнен Шапковски.
Онлајн гласањето почна на 24 ноември, а ќе трае до финалната вечер на 26 ноември, која почнува во 16 часот и се пренесува на „МРТ1“, а може да се следи и онлајн на следниот ЛИНК.