Почина Видое Ристовиќ, сопругот на Николина Пишек


Сопругот на хрватската позната водителка и модна икона Никола Пишек (46), историчарот Видое Ристовиќ, ненадејно почина на 44-годишна возраст, а тажната вест ја потврдила и водителката.

Само неколку часа пред смртта, тој споделил фотографија од ќеркичката на Инстаграм.

 

Ристовиќ живеел и работел на релација Белград-Загреб, а починал во Белград, според срспките медиуми во тек на масажа.

Популарната хрватска водителка Николина и Видоје се венчаа во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче на кое ѝ го дадоа името Уна Софија.

Видое Ристовиќ завршил основно и средно училиште во Белград, а дипломирал историја на уметност. Од првиот брак Видое има ќерка Матеа.

Николина Пишек и е позната на македонската јавност како водителка на шоуто „Операција Триумф“  каде завиден пласман освои Александар Белов и како заштитно лице на календарот на „Тиквеш“.