Почина Ричард Раундтри, најпознат по улогата на приватниот детектив Шафт
Американскиот актер, „првиот црн акционен херој“, најпознат по улогата на приватниот детектив Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и продолженијата „Шафт Биг Скор“ и „Шафт во Африка“, но и по улогите кои се занимаваат со расните односи во Америка, почина во вторникот на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер за Hollywood Reporter
Раундтри почина во својот дом во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави менаџерот Патрик Мекмин.
„Работата и кариерата на Ричард претставуваат пресвртница за Афроамериканците во филмската индустрија. Влијанието што тој го имаше врз индустријата е несомнено“, рече Мекмин во изјава за Variety.
View this post on Instagram
Раундтри се прослави со филмот ‘Shaft’, кој припаѓа на таканаречениот жанр blaxploitation. Станува збор за филм од 1971 година за приватен детектив од њујоршкиот Харлем, а тој ја повтори улогата во продолженијата и ТВ сериите.
Улогата на груб уличен лик, полицаец облечен во шарени кожени јакни и популарната музичка тема на Исак Хејс придонеле за неговата популарност меѓу белата публика во седумдесеттите, пишуваат американските медиуми. Раундтри, исто така, глумеше во ТВ-серијалот „Корени“ за ропство на ABC од 1977 година и се прослави како смелиот моторџија Мајлс во филмот „Земјотрес“ од 1974 година.
Меѓу неговите највпечатливи филмови е „Беше еднаш… Кога бевме обоени“ од 1996 година, приказна за тесно поврзана црна заедница која се соочува со расизам во повоениот Мисисипи.
Roundtree продолжи да снима редовно до самиот крај, завршувајќи 159 актерски улоги. Според IMDB.com. неговите три филмски проекти допрва треба да се емитуваат. Тој има четири ќерки од два брака, Никол, Тејлер, Морган и Кели Раундтри и синот Џејмс, пишува Variety.
View this post on Instagram