Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета
Сопругот на британската кралица Елизабета Втора и војводата од Единбург, принцот Филип, почина на 99-годишна возраст.
На 16 март тој бил отпуштен од болницата по неговиот подолг престој поради проблеми со срцето. Веста за смртта ја потврдија и од Бакингамската плата.
„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата, не наведувајќи ги причините за смртта.
Принцот Филип во јуни требаше да наполни 100 години. Во ноември минатата година, Елизабета и Филип одбележаа 73 години брак.