Почина поранешниот албански претседател Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани, еден месец откако во тешка состојба беше хоспитализиран во болница во Германија. Здравствената состојба му се влошила по неговата инфекција од Ковид-19 пред два месеци.
Нишани боледувал од автоимуна болест на црниот дроб и не успеал да ги надмине последиците од вирусот.
Нишани беше на чело на Албанија од 2012 до 2017 година и беше најмладиот претседател избран на оваа функција, со 47 години кога положи заклетва. Почина на 58-годишна возраст.