Почина писателката Исидора Бјелица
Писателката Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52-годишна возраст. Бјелица починала во домот на своите родители.Во 2012-тата година на Бјелица и беше дијагностициран карцином, поради што и беа отстранети јајниците и матката. Освен со макотрпните болки, таа мораше да се бори и со својата психа, бидејќи како што имаше изјавено, канцерот го сметаше за „елегантно самоубиство“.
Болеста ја принуди да продаде околу три илјади ретки книги за да го плати своето лечење во странство, а и покрај кревкото здравје мораше и да работи, поради што болеста се врати неколку пати.
Исидора Бјeлица е родена во Сарајево на 10 декември 1967 година, каде што завршила гимназија. Факултет на драмска уметност, отсек драматургија завршила во Белград, каде и магистрирала. Таа зад себе ги остави сопругот Небојша и двете деца Лав Григориј и Вила Евангелина Пајкиќ.