Почина пејачот Момо Николовски
Вчера во Скопје, по долго боледување, на 61 година, почина фолк- пејачот Момо Николовски. Тажната вест за смртта на својот сопруг, на Фејбсук ја соопштои неговата сопруга Валбурга Батева-Николовска.
„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата која ја објави и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски, кој беше болен од абдоминален канцер.