Почина најстариот Французин, имаше корона


Најстариот Французин, Марцел Мејс, почина од Ковид вчеравечер во болницата во Виене на возраст од 112 години, се дознава од неговата ќерка.

„Живееше во својата куќа, но се разболе од Ковид и состојбата му се влоши, па беше ставен на кислород, но и покрај напорите немаше помош, си замина на 112 години“, рече за АФП Никол Бојрон, неговата ќерка единица.

Живееше сам во својата куќа
Марсел Мејс примен е во болница на 2 декември. Роден е 1909 година и живееше сам во својата куќа.

„Бепе среќен во својот дом, беше со бистра глава, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби“, додаде Бојрон.

„Тој е поранешен возач на брзата помош, преживеа две светски војни и беше вдовец од 1998 година. Беше наглув и речиси слеп“, рече ќерката.