Почина Колин Кантвел, дизајнерот на вселенските летала во „Војна на ѕвездите“
Уметникот Колин Кантвел, кој ги дизајнираше многуте вселенски летала за филмовите „Војна на ѕвездите“, почина на возраст од 91 година.
Кантвел својата работа прв пат ја претстави во научно-фантастичниот филм „2001: Одисеја во вселената“ на Стенли Кјубрик од 1968 година, а потоа креаторот на „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас го ангажираше да ги дизајнира и да ги направи вселенските летала Death Star, X-Wing, TIE fighter и Imperial Star Destroyer.
Кантвел го осмисли и оригиналниот дизајн на леталото „Милениум фалкон“.
Роден е во Колорадо во 1932 година, а стекнал диплома за анимација пред да се посвети на студирањето архитектура. Во текот на „вселенската трка“ во шеесеттите години на минатиот век меѓу САД и Русија, Кантвел работеше во лабораторијата за млазен погон во и им помагаше на Американците подобро да ги разберат летовите. Соработувал и со ТВ новинарот Валтер Кронкит во текот на историскиот преносот на слетувањето на Месечината во 1969 година и го воспоставил линкот меѓу него и астронаутите.
Неговиот интерес за архитектура и вселена му ја отвори вратата во Холивуд каде работи на специјални фотографските ефекти за филмот „2001: Одисеја на вселената“ и помогнал во ккреирањето на драматичните вселенски сцени.
Режисерот на „Војна на ѕвездите“ Лукас го ангражирал потоа заедно со дизајнери какао Ралф Меквари за да креираат летала за првиот филм во 1977 година.