Почина францускиот политичар Жан Мари Ле Пен
Поранешниот лидер на екстремната десница во Франција, кој го водеше Националниот фронт четириесет години пред да биде заменет на чело на оваа партија со неговата ќерка Марин, Жан Мари ле Пен почина денеска.
Тој почина на 96-годишна возраст, а веста ја соопшти неговото семејство.
Соосновачот на Националниот фронт, кој почина денеска на 96-годишна возраст, обезбеди одредена долговечност на екстремната десница во Франција во последните 50 години.
https://twitter.com/regelegorila/status/1876600484246479343?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1876600484246479343%7Ctwgr%5Ecf2aecadebf9211bbae223933b81994f0461182e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FYGpLTEeBk%2F
Здравствената состојба на францускиот политичар се влоши во последните години. Во април 2023 година, Жан Мари Ле Пен беше хоспитализиран поради тешка здравствена состојба, а една година пред да доживее благ мозочен удар.
Жан Мари Ле Пен беше претседател на партијата Национален фронт до 16 јануари 2011 година, кога го наследи неговата ќерка Марин Ле Пен. Жан Мари Ле Пен беше пратеник во Европскиот парламент, но и кандидат за претседател на Република Франција на изборите во 2007 година.
Тој се спротивстави на Европската унија, а неговиот политички фокус беше на француската традиционална култура и високата стапка на невработеност.
Тој се залагаше за ограничување на имиграцијата во Франција, поголеми инвестиции во одбраната, културна цензура, воведување на смртна казна и евроскептицизам.