Почина една од повредените при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад


 Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

-Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход, изјави Весна Туркулов.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува.

Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Поради настрешницата што се урна во Нови Сад, премиерот Милош Вучевиќ најави дека до крајот на неделата се очекуваат вести за нови оставки и го повика надлежното обвинителство да соопшти до каде е истрагата.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на 5 ноември поднесе оставка.

Истрагата за несреќата на железничката станица во Нови Сад е во тек. Обвинителството во Нови Сад досега сослуша 71 лице.