Почина Анџела Ленсбери, една од последните диви од златната доба на Холивуд
САД- Легендарната британска актерка Анџела Ленсбери почина на 96 години. Во кариерата која се протегна низ осум децении, Ленсбери трипати беше номинирана за Оскар и беше една од последните диви од златната доба на Холивуд.
„Дејм Анџела Ленсбери почина во сон, само пет дена пред својот 97. роденден“, соопшти нејзиното семејство.
Родена во Лондон во 1925, Ленсбери завршила школа за драма и радио во САД и првата номинација за Оскар ја добила како 19-годишна за својата прва филмска улога во „Gaslight“.
Во текот на кариерата имаше пет номинации за театарската награда Тони, шест за Златен глобус и дури 18 за Еми, а во 2014 ѝ беше доделен почесен Оскар. Последната улога ја оствари во 2018.