Почесни Оскари за Лив Улман, Семјуел Џексон, Дени Гловер и Елејн Меј


САД- Семјуел Л. Џексон, Елејн Меј и Лив Улман ги  добија почесните Оскари за оваа година. Дани Гловер ја доби и хуманитарната награда Џин Херсхолт. Почесните Оскари беа претставени на церемонијата на Governors Awards , во петокот,  на мало, ама елегантно шоу на Реј Долби

Во помалата просторија, која повеќе личеше на ноќен клуб отколку на банкет со награди, говорите беа искрени.

Почесните Оскари се доделуваат секоја година “за исклучителни достигнувања во животот и одличен придонес за филмската уметност“. Наградите на членовите на Академијата беа создадени како посебен настан во 2009 година, за да се даде поголем акцент на добивање на статуетки надвор од преполната програма на главното шоу.

Во воведниот говор, претседателот на Филмската академија Дејвид Рубин рече дека Governors Awards „претставуваат великодушност на духот што не е секогаш во центарот на вниманието на Холивуд“.

За време на коктелот еден час пред шоуто, Рубин предвиде интимна вечер. „Ќе биде поинаку оваа година“, рече Рубин. „Ќе се работи за топлина и љубов“.

Спомнувањата на актуелните настани и сеништето на пандемијата беа релативно ретки, а никој на сцената не зборуваше за контроверзноста што ја разбранува Академијата околу доделувањето на осум категории Оскар пред преносот во живо во недела.