По вакцинирањето чувствувате болка во раката? Постои едноставно објаснување


Фото: Б. Грданоски

Кога Шерил Рецинос и нејзиниот сопруг во август лани се пријавиле како учесници за клиничко испитување на вакцината „Фајзер“, веднаш знаеле дека не добиле плацебо. Не само што го чувствувале местото на убод во раката, туку навистина ги болеле цели раце.

„Чувствував како да ме удрил камион“, вели Рецинос, лекарка од Лос Анџелес, додавајќи дека болката траела неколку дена, пишува Слејт.

Болката во раката е типична нуспојава на вакцината против Ковид-19 и може да има чудни и збунувачки облици. Додека некои луѓе чувствуваат болка, други имаат прободувачка болка од раката која се движи надолу се до боковите на телото, болка која се движи кон рамото или која се претвора во отрпнатост на цела рака.

Сузан Метјус, директортка на вести во Слејт, чувствувала болки во цело тело неколку часа по вакцинирањето со „Џонсон и Џонсон“.

„Се случуваше она што го замислував како последица на повеќесоковен напиток“, рече Метјус, рефереирајќи се на напитокот од романот и филмовите за Хари Потер, кој со доста болка успева да те претвори во некој друг.

Вбризгување вакцина во мускулот на раката го стимулира имунолошкиот систем

Постои прилично едноставно објаснување зошто луѓето чувствуваат болка околу местото на убодот. Ешли З. Ритер, постдокторанд од Универзитетот во Пенсилванија и главна клиничка службеничка на „Диар пандемик“, вели дека тоа е честа нуспојава на која и да е вакцина. Вбризгување на вакцината во мускулот од раката го стимулира имунолошкиот состав.

„Кога течноста влегува во мускулот, телото на тоа подрачје праќа гласници, бели крвни зрнца и лимфна течност за да се изгради имунолошки одговор. Токму тоа е она што сакаме да се случи, но може да биде и неугодно. Силната болка која ја чувствувате, е од активноста која се случува во вашето тело“, објаснува таа.

Зголемената течност во лимфните јазли во близина на местото на убодот често предизвикува болка во мускулите, но и во пазувите или дојките. Натечените лимфни јазли може да се појават и на мамографија, па се препорачува веднаш по вакцинирањето да не се оди на такви прегледи.

Но, што е прободувачката болка или болката која се шири? И Реционс и Ритер се сложуваат дека ова необично чувство е само нервна болка, за разлика од болките во мускулите.

„Ако на тоа подрачје се развива воспаление, може да се појави и оток околу нервите кои тогаш праќаат прободувачка болка низ раката. Понекогаш белите крвни зрнца и другите гласници што учествуваат во реакцијата на телото на вакцината може да влезат во крвитокот. Тоа може да предизвика каскада од невролошки и имунолошки функции“, вели Ритер.

Болката е нормална работа

Може да чувствувате болки и далеку од местото на убод, но и тоа е нормална работа. Во ретки случаи се јавува чуство како телото да се менува, но тоа не е причина за загриженост. Имунолошкиот одговор и отокот ќе спласнат, за неколку часа до неколку дена ќе ги снема. Ако болките се навистина силни, Рецинос предлага да почекате 12 часа за телото да развие имунолошки одговор, па да земете ибупрофен или тиленол. Ако симптомите значително влијаат на способноста за функционирање и ако се надвор од рамките на очекувани нуспојави, треба да контактирате лекар.

Овие нуспојави не се единствени за вакината против корона вирус и може да се случат со која и да е вакцина за возрасни . Но, бидејќи вакцината против Ковид-19 е широко распространет феномен, неговите нуспојави се во центар на внимание на многумина.

„Добро е што луѓето разговараат за тоа. Комуникацијата за очекуваните нуспојави на реакцијата на имунолошкиот систем е важна и за одржување на довербата и транспарентноста во јавноста“, вели Ритер.

Краткотрајни реакции

Исто така, би можело да биде корисно да се присетиме на реакциите на телото на вакцините може да бидат различни. Ако се чувствувате како да сте единствена личност со одредени, чудни потешкотии по вакцинирањето, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Ритер тоа го споредува со возење на луда железница, каде на некој му е лошо, а на некој не му е ништо. Се чини дека помладите, кои имаат поактивен имунолошки систем, имаат и поинтензивни симптоми. Но, дури и да немате симптоми, вакцината и понатаму делува. Многу луѓе што се вклучија во испитувањата за вакцините воопшто немаа нуспојави, но и понатаму беа заштитени.

А ако по вакцинирањето ве спопаднат бизарни сензации, сетете се на пошироката слика. Кога почна воведувањерто на вакцините, Реционс вели дека нејзините колеги не можеле да престанат да ги споредуваат нуспојавите и дека биле опседнати со различни телесни болки. Но, секаде околу нив во болницата пациентите и понатаму умирале од Ковид-19.

„Милам дека не е проблем ако луѓето почуваствуваат болка во раката , главоболка, мачнина и други симптоми, затоа што се работи за краткотрајни реакции. А смртта е конечна. И затоа се исплаќа да се вакцинирате, дури и ако потоа не се чувствувате најдобро“, заклучува Рецинос за Слејт.