По смртта на пет лица, уште еден милијардер сака да стигне до потонатиот брод Титаник
По смртта на пет лица, уште еден милијардер сака да стигне до урнатините на Титаник
Милијардер планира да однесе подморница за две лица до потонатиот брод Титаник.
„Сакам да им покажам на луѓето ширум светот дека и покрај тоа што океанот е исклучително моќен, може да биде убав и пријатен и навистина да го промени животот ако го направите тоа на вистински начин“, изјави Лари Конор, инвеститор во недвижности од Охајо, за „Вол стрит џурнал“.
Тој се здружи со Патрик Лихи, еден од најискусните светски оператори на подморници и ко-основач и извршен директор на Triton Submarines, пишува Sky News.
„Патрик размислуваше за тоа и го подготвуваше дизајнот повеќе од една деценија. Но, ги немавме материјалите и технологијата. Не можевме да ја изградиме оваа подморница пред пет години”, рече Конор.
Двајцата треба да тргнат на патувањето со Triton 4000/2 Abyssal Explorer, вреден 20 милиони долари. 4000 се однесува на длабочината до која наводно може да се нурне во метри, што е околу 200 метри подлабоко од длабочината на која е пронајдена потонатиот брод Титаник.