По смртта на 20-годишна девојка, Словенија ја укинува вакцинацијата со „Џонсон и Џонсон“


 

Словенија одлучи привремено да го сопре вакцинирањето против Ковид-19 со вакицната на „Џонсони Џонсон“, сѐ додека не се расветлат околностите за смртта на 20-годишна жена која почина од мозочен удар, две недели по вакцинацијата.

Вакцинацијата со оваа вакцина во Словенија шќе биде сопрена се додека не биде проучена медицинската документација и да утврди дали смртта на 20-годишната пациентка е поврзана со вакцинацијата, по што ќе одлучи дали ќе продолжи со користење на оваа вакцина.

Покрај овој случај во Словенија, забележан е уште еден, исто така на млада девојка, која најпрво добила тромбоза, а починала во болница по мозоче удар и во тој случај потврдена е врската меѓу вакцината и смртта.

Сепак, министерот за здравство на Словенија вели дека во нивната земја 120.000 луѓе се вакцинирале со оваа вакцина, а дека предностите од него далеку ги надминуваат ризиците, иако не се исклучува можноста да се намали интересот за имунизацијата.