По пет ќерки, Брус Вилис доби внука
Лос Анџелес- Брус Вилис и Деми Мур официјално станаа баба и дедо. Румер Вилис, 34-годишната актерка и модел, и нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас го објавија раѓањето на нивната ќерка Луета Ајли Томас Вилис во вторникот во заедничка изјава објавена на Инстаграм.

Познати личности како Хилари Даф, Мелани Грифит и Ники Рид, им честитаа на парот. Меѓу нив и сестрата на Румер, Талула Вилис, напиша дека ќе ја сака својата нова внука „секој момент од секој ден“. Се надоврза и Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, која исто така коментираше „толку многу те сакаме“.
Додека беше во висока бременост, Румер се здружи со Naked Cashmere, луксузен бренд од кашмир со седиште во Лос Анџелес, за ексклузивна капсулна колекција за Денот на мајките.
Брендот е посветен на одржливоста и користи висококвалитетен кашмир кој се добива директно од сточарите во Монголија. Сè уште треба да се одреди мала колекција за бебиња, но најверојатно ќе излезе следната пролет.
