По масовниот прекин на електричната енергија, нови големи проблеми во Шпанија: „Кој и да го направил ова знаел што прави“


Каблите што требало да бидат инсталирани на поединечни точки на железничката рута помеѓу Мадрид и Севиља биле украдени на четири локации во шпанската покраина Толедо. Нарушени се повеќе од 30 линии, а министерот за транспорт е убеден дека станува збор за саботажа.

Железничкиот сообраќај во Шпанија е во хаос веќе втор ден откако на делницата помеѓу Мадрид и Севиља беа украдени кабли што требаше да бидат инсталирани на мрежата. Бројни големи одложувања следеа во недела, но и во понеделник.

Според соопштението на Шпанските железници, инцидентот погодил повеќе од 10.000 патници на околу 30 железнички линии. Министерот за транспорт, Оскар Пуенте, исто така објави дека каблите се украдени на четири локации, сите во покраината Толедо.

 

„Ова е сериозен чин на саботажа и влијанието врз возовите ќе биде многу сериозно. Сè истражува Цивилната гарда“, објави Пуенте на социјалната мрежа.