По дојава за бомба се евакуира судот во Крушевац
Во тек е итна евакуација на судот во Крушевац, откако било пријавено дека во една од судниците има поставено бомба, јавија српските медиуми.
Повикот е добиен од непознато лице, а тоа рекло дека во зградата е поставена бомба.
Во тек е евакуација од судската палата во Крушевац поради дојава за поставена бомба.
Дојава има и за судот во Белград
Во Третиот основен суд во Нов Белград и во Основниот и прекршочен суд во Крушевац денеска пристигнале лажни пријави за поставени бомби, соопштија за Танјуг од полицијата.
Како што е наведено, единиците за контрасубверзија на српската полиција ги провериле двата објекти на тие локации и утврдиле дека пријавите се лажни.