Пленковиќ си ја зголеми платата, сега ќе добива над 9.000 евра месечно


По одлуката на хрватската Влада за зголемување на платите на највисоките државни претставници, Андреј Пленковиќ ќе биде помеѓу најплатените премиери во Европска Унија.

Хрватските медиуми објавија дека бруто-плата на Пленковиќ од следниот месец ќе изнесува 9.367 евра, тоа е за 2.274 евра повеќе од досега и 1,7 пари повеќе од сегашната просечна нето-плата во Хрватска. Премиерот со ова ќе добие зголемување во висина на една просечна нето-плата плус дополнителни 950 евра.

Највисока плата во ЕУ во споредба со просечната плата во земјата инаку зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно, потоа следи премиерот на Словачка, 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала, 10.800 евра.Македонската влада пред неколку дена на официјалната страна објави дека премиерот Христијан Мицкоски секој месец зема 2.280 евра и доколку платата на премиерот  се подели со просечната плата во Македонија, која во јуни изнесуваше 670 евра, тогаш тој зема 3,4 просечни плати. Во ова рангрирање Мицкоски би бил зад премиерот на Португалија, Луис Монтенегро, додека зад нашиот премиер е италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Само во однос на платата, Виктор Орбан не е најплатен во ЕУ. Седум европски шефови на влади заработуваат повеќе од него. Највисока е онаа на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој заработува 348.300 евра бруто годишно или околу 29.000 евра месечно. Но, оваа сума не е особено висока во споредба со другите германски јавни лидери: шефот на германската државна железничка компанија, на пример, доби повеќе од 2,2 милиони евра во 2022 година, околу 6 пати повеќе од канцеларот.

Како и да е, Орбан зема месечно 9,5 просечни унгарски плати, Роберт Фицо 7,6 просечни словачи плати, Петр Фјала 6,1 просечни чешки плати, Киријакос Мицотакис 6 просечни грчи плати итн.