Пленковиќ се откажа од мандатот во Европскиот парламент и останува премиер на Хрватска


Од посетата на Пленковиќ во Скопје во 2023 година (Фото: Б. Грданоски)

 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се откажа од мандатот што го освои на изборите за Европскиот парламент, а се очекува тоа да го стори и потпретседателката на Европската комисија за демографија и демократија, Дубравка Шуица.

Тоа значи дека хрватскиот премиер ќе остане во Загреб, а Шуица повторно ќе биде предложена за хрватски претставник во новиот состав на Комисијата, пишува Јутарњи лист.

Пленковиќ во писмо до претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ напиша дека на изборите за Европскиот парламент е избран за прв на листата на ХДЗ која победи на тие избори и освои половина од мандатите.