Платениците на „Вагнер“ ја напуштаат Белорусија, малку ги плаќале


Над илјада платеници од групата „Вагнер“ ја напуштија Белорусија, бидејќи не се задоволни од платата, извести Украинскиот национален центар за отпор (NCS). Извори од Белорусија за Центарот изјавија дека бројот на борци од „Вагнер“ е намален од 5.800 до 4.400 луѓе.

Според извештајот, причината е „недостигот на финансии од Русија“. Незадоволни  од
нивните приходи, платениците  стационирани во Белорусија потпишаа договори да се борат во африканските земји или заминаа на одмор без намера да се вратат.

Владата на Белорусија воспостави партнерство со „Вагнер“ групата во јули кога
приватната воена компанија се пресели таму по бунтот на Евгениј Пригожин во
јуни. Оттогаш членовите на „Вагнер“ тренираа белоруски војници. Со оглед на ниската плата за инструкторите, повеќето од нив не планираат да останат земјата долго време, велат од НЦС.

Додека милитантите се чини дека се повлекуваат од Украина, нивното присуство во Белорусија доведе до тензија во регионот. Полска, Литванија и Латвија се заканија дека ќе ги затворат границите со Белорусија поради активноста на „Вагнер“ долж границата.