Планот на ЕУ за заеднички полнач за смартфони, можно е да стане закон
Долгорочниот план на Европската унија (ЕУ) за усогласување на полначите за паметни телефони и други уреди, според наводите, наскоро треба да биде и формално предложен како закон.
И покрај протестите и аргументите на „Епл“ против замислениот законски пропишан стандард за полначи, ЕУ подготвува законска регулатива за ова прашање. Аргументот е дека заедничкиот стандард би го намалил електронскиот отпад, а „Епл“ тврди дека тоа би создало повеќе е-отпад.
Наводно, законите ќе бидат предложени во септември. Нема повеќе подробности засега, но предлозите најверојатно ќе ги следат претходните препораки на ЕУ.
Заложбата на ЕУ за заеднички полнач почна пред околу 13 години. Компаниите, вклучително и „Епл“, тогаш потпишаа доброволен меморандум за разбирање, согласувајќи се да работат на усогласување на полначите. Ова не се случи, па затоа ЕУ смета дека доколку е така, ќе мора да го наметнат тоа со закон.
Имено, „Епл“ лани престана да доставува адаптер за напојување за „Ајфон“. Меѓутоа, проблемот за „Епл“ е што користи свој „Лајтнинг“ конектор, а ЕУ веројатно ќе препорача УСБ-Ц или УСБ 2.0 микро-Б, што најчесто се користи од другите произведувачи.