Пит Бутиџиџ – прв јавно деклариран хомосексуален министер во САД


Од конкурент до член на владата на Џо Бајден – Пит Бутиџиџ, порано и самиот аспирант во борбата за Белата куќа, веројатно ќе преземе не толку престижен, но важен ресор

Бутиџиџ се смета за надоаѓачка ѕвезда и талент во Демократската партија. Во кабинетот на Бајден веројатно ќе води не толку престижен, но важен ресор. Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден планира на 38-годишниот Пит Бутиџиџ да му го довери водењето на Министерството за сообраќај. Пит Бутиџиџ, исто како и Камала Харис, беше конкурент на Бајден во предизборите од редовите на Демократската партија, а по излегувањето од трката му даде поддршка на Бајден. Својата номинација ја оцени како „прекрасна можност” за создавање работни места, соочување со климатските предизвици и овозможување поголема праведност за сите. 

ЛИнк до целиот текст на Дојче Веле тука