Пикасо на ревија – студентите на моден дизајн од ТМФ со силна порака од Скопје (галерија)

Омажот на шпанската уметност во Музеј на град Скопје беше посебна пригода што го поврза светот на уметноста со модата


Фото: Б. Грданоски

Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија ја пречекуваше скопската модна и културна елита, студентите по мода интервенираа во живо на модната писта како цртеж со фломастери, на која беше стилизирана опсесијата на Пикасо со биковите, а манекенките беа „живи слики“ со дизајните инспирирани од уметноста на славниот шпански и светски сликар, вечерва, на уникатниот моден настан „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE“ во Музејот на град Скопје, во организација на Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Во соработка со професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева и студентите од ТМФ – Институт за текстилно инженерство, овој омаж на шпанската уметност, беше посебна пригода што го поврза светот на уметноста со модата.

Фото: Б. Грданоски

Прикажувајќи го најдоброто од младите македонски иновативни студенти по мода, во овој проект, инспирацијата и пристапот во процесот на дизајнирање беше артистичката продукција на Пикасо (1881–1973). Како еден од основачите на кубизмот, тој  има значителен придонес за целиокупниот развој на модерната уметност во 20 век. Преку новите техники кои ги користи во сликите, колажот, скулптурите, керамиките, грaфиките, тој внесува револуција во начинот на гледање и конципирање на уметноста .

Фото: Б. Грданоски

Сакајќи да ги покажат работите онакви какви што навистина се, а не само како изгледаат, кубистите во своите дела, ги анализираат субјектите, ги фрагментираат и повторно ги составуваат во оригинална, апстрактна форма. Со енергија на нова и инвентивна ароганција, тие ги прикажуваат предметите низ раскршена перспектива, прикажувајќи ја тридимензионалната реалност на дводимензионално платно.

Фото: Б. Грданоски

Пред повеќе од 100 години, со овој револуционерен пристап на дефрагментирање и користење на геометриски форми од различни перспективи, со цел да се прикаже целата структура на предметите, кубизмот се вбројува меѓу највлијателните уметнички стилови на минатиот век.

Фото: Б. Грданоски

За реализацијата на овој моден перформанс користена беше музика од претставниците на вибрантната сцена на електронската музика на Шпанија – авангардната композиторка Едит Алонсо и продуцентот и диџеј Пионал. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер меѓу гостите/ Фото: Б. Грданоски
Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија/ Фото: Б. Грданоски
Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри/ Фото: Б. Грданоски
Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани/ Фото: Б. Грданоски
Професорката на ТМФ – Институт за текстилно инженерство и модна дизајнерка Лидија Георгиева/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски