Пијалокот што прави чуда за мозокот! Еве зошто луѓето над 60 години треба да го пијат

Според најновите тврдења на лекарите и истражувањата, редовната умерена консумација на зелен чај е поврзана со подобра когнитивна функција кај постарите возрасни лица, намален ризик од деменција и поголема ментална будност во секојдневниот живот.
Друга студија, објавена во списанието „Nature“, анализирала 8.766 скенирања на мозокот на луѓе над 65 години и ги споредила ефектите од зелениот чај и кафето.
„Пронајдена е јасна врска помеѓу помалку лезии на белата маса и поголемата консумација на зелен чај, додека таков ефект не е забележан кај кафето“, велат авторите. Резултатите покажаа дека луѓето кои пиеле три шолји зелен чај дневно имале три проценти помалку лезии, а оние кои пиеле седум до осум шолји имале шест проценти помалку.
Оштетувањето на белата маса, или нервните влакна што ги поврзуваат деловите од мозокот и ‘рбетот, доведува до проблеми со меморијата, движењето и рамнотежата. Овие лезии се појавуваат како „светли точки“ на скенирањата.
Зелениот чај се смета и за пијалок што го продолжува животот. Претходна студија покажа дека луѓето над 50 години кои пијат чај можат да го продолжат својот животен век во просек за 1,26 години, а ефектот е поизразен кај мажите. Зелениот чај е поврзан и со подобро здравје на цревата, намалено воспаление на црниот дроб, губење на тежината и понизок крвен притисок.
Колку да се пие
Експертите обично препорачуваат умерена консумација: една до три шолји дневно за повеќето возрасни би можеле да обезбедат когнитивни придобивки без поголеми ризици. Повисоките дози на кофеин можат да предизвикаат трема, несоница и забрзано чукање на срцето, па затоа е важно индивидуалното прилагодување.
Кој треба да биде внимателен
Луѓето со висок крвен притисок, срцеви проблеми или чувствителност на кофеин треба да се консултираат со лекар пред да го зголемат внесот на зелен чај. Исто така, додавањето големи количини шеќер ги намалува потенцијалните здравствени придобивки од пијалокот.