Петков му одржа лекција на Радев


Бугарските компании ТЕРЕМ и „Авионамс“ да помогнат во поправката на тешката воена опрема на Украина – побарал денеска претседателот Володимир Зеленски од бугарскиот премиер Кирил петков, кој наспроти разногласијата во земјата и отворените спротивни позиции од БСП и претседателот Румен Радев, отиде на средби во Киев.

„Ова е многу важно за Украина, убеден сум дека таквата соработка ќе биде од корист за бугарските компании и за бугарската економија, а за нас квалитетот и роковите се многу важни“, рекол Зеленски за време на заедничката прес-конференција.

„Бев шокиран кога видов бомбардирани станбени згради кои не се воени, видов играчка во урнатините на станбена зграда погодена од руски проектил. Не можам да кажам дека ова е воена или специјална операција – тоа е војна против цивили. Не жалам што го разрешив мојот министер за одбрана кој го употреби терминот „специјална воена операција“, никој не смее да каже ништо кога ќе види вакви ужасни слики освен војна против слободниот свет и војна против цивили, порачал Петков.

Зеленски пак го уверувал дека  Украина е подготвена да ја снабдува Бугарија со електрична енергија.

„Имаме толку многу заеднички области на поддршка – Бугарија и балканските земји да купат украинска струја, што многу ќе и помогне на вашата економија. Ќе бидеме среќни Варна да стане логистички центар за нашата пченица и сончоглед. Кога зборувавме за енергетска  безбедност, Бугарија може да биде инструмент за енергетската безбедност на Украина и може да ве снабдува со гас од терминалите за течен гас од Грција и Турција“,  рекол Петков, додавајќи дека му е мило што Бугарија ќе биде дел од реконструкцијата на Украина. 

На прашањето од бугарски  новинар дека Бугарија изјавила поддршка за Украина, но не и воена, и дали би ја сметал Бугарија за пријателска земја доколку Националното собрание не се согласи да и обезбеди оружје, претседателот Зеленски рекол дека му е благодарен  на Петков бидејќи  „навистина помага, а не само да ветува“. Според него, секоја земја помага со тоа што може.

„ Бугарија е меѓу пријателските земји на Украина. Го поздравувам предлогот на Кирил Петков Бугарите да донираат пари за Украина за купување оружје“, рекол Зеленски.