Пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19
Со денешните нови 1.168 заболени од корона вирус, од кои во Скопје се 513, дури пет скопски општини имаат повеќе од 1.000 заболени.
Имено, најмногу има во Аеродром – 1.256, следува Гази Баба со 1.151, па Карпош со 1.070, Центар со 1.028 и Кисела Вода со 1.021.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 500
• Гази Баба – 1151
• Аеродром -1256
• Карпош – 1070
• Центар – 1028
• Кисела Вода – 1021
• Ѓорче Петров – 680
• Бутел – 430
• Шуто Оризари – 144
• Студеничани – 41
• Сарај – 108
• Арачиново -26
• Илинден – 199
• Сопиште – 59
• Чучер Сандево – 83
• Петровец –82
• Зелениково -54
• Странец – 149
• Нераспределен- 173